ИМА НЕШТО ПОБРЗО ОД СВЕТЛИНАТА? Не е материја, ниту енергија туку чистата информација!
Доколку треба да се реализира контрапортација, треба да се изгради сосема нов тип на квантен компјутер: без размена, каде што страните кои комуницираат не разменуваат честички, вели Салих, водечки научник во полето. Компјутерот би работел инстантно, како што инстантно две честички од двата краја на универзумот „си направиле муабет“ низ малата црвја дупка - но уште не знаеме како!
Информациите патуваат побрзо од светлината, тука нема парадокс, а научниците сметаат дека ова можат да го искористат за да направат компјутер кој ќе работи и ќе пренесува информации без струја или други форми на пренос! Слично како при квантната телепортација, но ова се вика „контрапортација“.
Физичарот Хатим Салих од Универзитетот во Бристол во Велика Британија предлага да се направи инстантен компјутер. Како еден од водечките научници од ова поле тој уште во 2013 година сакаше да ја расцепува светлината преку некакви детектори, пишува НаученАларм.
– Иако контрапортацијата ја постигнува истата цел како телепортацијата, имено бестелесниот транспорт, тоа го прави без никакви преносливи информации кои може да се забележат. Доколку треба да се реализира контрапортација, треба да се изгради сосема нов тип на квантен компјутер: без размена, каде што страните кои комуницираат не разменуваат честички – додава тој.
Контрапортација во основа е квантно „вплеткување“. Се сеќавате ли на оној феномен кога две честички на две различни страни од универзумот можат да комуницираат и дури се однесуваат исто? Тоа е квантното вплеткување, феномен кој Ајнштајн го откри, но не сакаше да го прифати велејќи дека е „мистична работа што се прави на дистанца“.
Ајнштајн го нарекол вака ова вплеткување бидејќи тоа имплицира дека двете честички некако, а уште не знаеме како, успеале да си пренесат порака побрзо од брзината на светлината. Но, нели ова би ја скршило неговата теорија на релативите? Па, не. Во модерната квантна физика денес, по неколку децении се зема за точно дека честичките не пренеле никаков тип на материја или енергија, туку само информација.
Ова значи дека не е скршено правилото дека ништо не може да патува побрзо од светлината.
Информациите во физиката се дел од посебна теорија за „информацискиот универзум“ кој го чинат единици и нули. Но, засега, информацијата не се смета ниту за енергија, ниту за материја. A сепак, информацијата може да ја манипулираме. На пример, можеме да влијаеме на тоа дали честичките ќе имаат наголен или надолен вртеж. Ако од едната страна на оваа комуникација една честичка има нагорен, другата, како да знае, па има надолен вртеж. Како да правеле „муабет“. За овој момент, научниците велат дека се пренесува информацијата за миг и побрзо од светлината.
Можеби поживописна е следната споредба. Некои истражувања го поврзуваат феноменот со мали квантни црвји дупки, како мали Розен-Ајнштајнови мостови. Низ нив, некако патува информацијата, „муабетот“. Но, не и материјата или енергијата.
Целта во блиска иднина е физички да се изгради таква црвлива дупка во лабораторијата, која потоа може да се користи како тест полиња за ривалските физички теории, дури и оние за квантната гравитација – вели Салих.
Ако ова биде постигнато, тоа ќе биде првата црвја дупка некогаш направена во лабораторија. Макар што таа ќе биде микроскопска, субатомска … Дали важат истите правила тогаш и за големите црвји дупки, односно црни дупки кои ги има во универзумот? Според оваа теорија, барем преку нив ќе можеме да си телефонираме, но не и да патуваме низ нив.
Освен информациите, кои се сами по себе проблематични, има ли нешто друго што би можело да патува побрзо од светлината? Некои научници сметаат дека постои тоа единствено би можела да биде неистражената црна материја и енергија, која доминира со универзумот. Некои ја нарекуваат и егзотична материја. Дали тука се кријат нашите информации?
Експериментите допрва треба да дадат одговори. Секако, ваквото пренесување информации се чини спротивно на сè што сме научиле во историјата на физиката.
Добро, не знаеме уште да „контрапортираме“, но сигурно знаеме да телепортираме?
Добро е да се знае дека досега научниците имаат телепортирано само фотони – честики на светлината. Телепортацијата е добро воспоставено средство за пренесување на квантна состојба од едно место на друго. Крајниот резултат не е пренос на цврст објект, како таков, туку многу специфична квантна состојба.
Завршувањето на мерењата на оригиналниот објект ефективно го уништува објектот, на пример нашиот фотон, што значи дека состојбата ефективно скокнала од едно место на друго.
– Ова е пресвртница кон која работиме неколку години. Обезбедува теоретска, но и практична рамка за истражување на нови трајни загатки за Универзумот, како што е вистинската природа на простор-времето – заклучува научникот.