КОЛКУ ВОЈСКА ИМА НАТО, А КОЛКУ РУСИТЕ? Јутјуб-видео ги споредува авионите, тенковите, подморниците …
Воениот буџет на НАТО е 1,3 трилиони долари, споредени со 48 милијарди на Русија. Русите имаат само еден носач за авиони, наспроти 17 на НАТО. Сепак, руските антиракетни лансирачи С-400, напредните сухои и тенкови во моментов предничат пред технологиите на Западот. Импресивно е што Русија во многу бројки се приближува до Алијансата, која има збирно оружје од 30 земји-членки и повеќе опрема, сугерира анализата.
Воените капацитети на 30-те земји на НАТО во бројка ги надминуваат оние на Руската Федерација, но не во сите параметри. Во многу од нив цифрите се изедначени, а Русија предничи во тенкови, во резервен персонал, а секако и во технологија. Јутјуб-видео користи информации од сајтовите armedforces.eu и од globalfirepower.com за да ги спореди сите авиони, тенкови, оклопни возила, машинерија, персонал …
Воениот буџет на НАТО е 1,3 трилиони долари, споредени со 48 милијарди на Русија. Русите имаат само еден носач за авиони, наспроти 17 на НАТО. Сепак, руските антиракетни лансирачи С-400, напредните сухои и тенкови во моментов предничат пред технологиите на Западот, за што плусинфо веќе пишуваше.
Русија има повеќе тенкови од НАТО, 21.921 наспроти 20.741, а по бројот на резервисти се речиси идентични, имаат околу 2 милиони. Сепак, НАТО има повеќе активни војници, 3.657.000, наспроти 1.013.000 Руси. Бројките се приближуваат кај ракетните лансирачи, каде НАТО има 4.781 наспроти 4.032 руски системи. Во однос на борбените авиони соодносот е 3.702 наспроти 921, а кај подморниците 147 натовски, наспроти 59 руски подморници. Бројката речиси се изедначува кога станува збор за нуклеарните боеви глави, а руски „ас во ракавот“ би била хиперсоничната нуклеарка „Авангард“.
Кој би победил? Бројчените анализи на каналот „Global Analysis“ имаат и споредби за други земји. Украина против Русија, Израел, чија војска е во пораст, спореден со Иран и слично. Сепак, добро е да се знае дека анализата само на опрема и персонал не кажува многу во однос на спремноста, воената стратегија и други параметри кои би го одредиле победникот во некоја идна светска војна.