КОЛКУ ПЛАСТИКА ДНЕВНО ЈАДЕТЕ ВИЕ И ВАШИТЕ ДЕЦА? За 1 недела – 1 чешел или платежна картичка, за 1 месец – цела закачалка

Овие податоци за тоа колку пластика внесуваме во организмот не се новина. До нив пред 5-6 години дојде меѓународната организација World Wildlife Fund. Најмногу ја внесуваме преку: морски плодови, вакумирана храна, сол, овошје и зеленчук, водата од чешма, пластичната амбалажа за храна и пијалаци (дури и бебешките шишенца за млеко), преку облеката, играчките, како и преку козметички производи.

207

Дали се сеќавате на оние бројки за тоа колку пластика просечно внесува секој од нас преку храната, водата, воздухот? Да се потсетиме, станува збор за пет грама пластика секоја недела што е отприлика, околу 20 грама месечно или малку повеќе од 250 грама годишно или преку 100.000 микропластика во текот на една година. Фигуративно кажано, тоа би било како да јадеме една платежна картичка, еден чешел или едно пластично пенкало неделно, по една пластична закачалка месечно. А најмногу ја внесуваме пластиката преку: морска храна, вакумирана храна, сол, овошје и зеленчук, водата што ја пиеме од чешма, пластичната амбалажа во која чуваме храна и пијалаци, облека, разни пластични играчки, како и козметички производи, а особено лак за нокти.

Податоците доаѓаат од меѓународната организација World Wildlife Fund.






Од организацијата се надеваа дека кампањата ќе ги шокира луѓето, компаниите и владите и ќе ги поттикне да превземат конкретни акции.

„Ако не сакаме пластика во нашите тела, тогаш мора да ги запреме милионите тони пластичен отпад кој секоја година протекува во природата. Со цел да се справиме со пластичната криза, потребни се итни мерки на ниво на владите, бизнисите и потрошувачите и глобален договор со глобални цели кој ќе го реши загадувањето со пластика. Пластиката не ги загадува само нашите океани и вода и го убива водниот живот – таа се наоѓа во сите нас и ние не можеме да избегнеме да конзумираме пластика,“ истакна тогаш генералниот директор на WWF, Марко Ламбертини, во соопштение по повод новата кампања.

Кампањата вклучува и посебен веб-сајт – Your Plastic Diet („Вашата пластична исхрана“), каде посетителите може да направат тест и да откријат колку пластика тие несвесно внесуваат во себе со храната. Дополнително, веб-сајтот нуди и информации за потеклото на проблемот и како тој може да биде решен.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини