КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕКС ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ? Науката го откри магичниот број
Ова позитивно влијание на сексот било најизразено кај младите луѓе на возраст од 20 до 30 години, кои покажале највисоко ниво на заштита и отпорност кон депресија. Научниците теоретизираат дека ефектот на благотворност може да се должи на ослободувањето на невротрансмитерите на среќа, како ендорфин и допамин, што се јавуваат при сексот.
Научниците од Медицинскиот колеџ при Универзитетот Шантоу во Гуангжоу, југоисточна Кина, го објавија можниот „магичен број“ на сексуални односи, потребен за спречување депресија.
За научниот труд, истражувачите најмиле учесници на возраст од 20 до 59 години и ги замолиле да пополнат анкета за нивниот сексуален живот. Испитаниците одговарале и на анкета што најчесто се користи за дијагностицирање депресија, па резултатите откриле дека сексот еднаш неделно го намалува ризикот од развој на симптоми на депресија за 24%. Истражувањето опфатило 14.741 возрасно лице.
Значи, еднаш во седмицата е доволно за подобрување на менталното здравје, откриваат истражувачите.
Ова позитивно влијание било најизразено кај младите луѓе на возраст од 20 до 30 години, кои покажале највисоко ниво на заштита и отпорност кон депресија. Научниците теоретизираат дека ефектот на благотворност може да се должи на ослободувањето на невротрансмитерите на среќа, како ендорфин и допамин, што се јавуваат при сексот.
– Без оглед на сексуалната ориентација, сексуалната активност нуди придобивки, како што се подобар квалитет на живот и значително влијание врз менталното здравје – истакна Мутонг Чен – еден од авторите на трудот.
Депресијата влијае на околу 280 милиони луѓе ширум светот. Сепак, некои истражувања покажуваат дека достапните терапии, како што се оние со разговор или со антидепресиви, се делотворни само во околу половина од случаите на дијагностицирана депресија.
Истражувачите се надеваат дека новите наоди ќе помогнат во областа на научните сознанија околу емоционалните придобивки од сексот и ќе помогнат да се истакне потребата од истражувања на други, поразновидни третмани за справување со депресијата.