ТРОШИМЕ МЕЃУ 16 И 25 ОТСТО ОД ПЛАТАТА ЗА 60 ЛИТРИ БЕНЗИН Гркот одвојува 6, Американецот само 1,22 отсто од приходите (ВИДЕО)
Ако нашата просечна плата е 29.943 денари според последниот извештај на страницата на ДЗС, а основниот бензин Еуро 95 моментално е 81,5 денари, според сајтот на Регулаторната комисија за енергетика за литро (уште се чека на новата одлука на РКЕ), тогаш Македонецот треба да даде нешто повеќе од шестина од платата, или 16,33 отсто за горивото. Ако полни дизел, кој сега чини 79 денари, процентот пак е околу 16, односно 15,83 отсто.
Инфографик објавен на сајтот statistica.com под името „Полн резервоар, празен паричник?“ испитува колкав процент од просечната плата луѓето низ светот треба да дадат за да наполнат 60 литри (еден галон) бензин. Додека за Американецот тоа се 1,22 отсто, дури и во време на криза, односно заклучно со 7 март годинава, за еден Грк тоа се веќе 5,58 отсто од платата. Каде е тука Македонецот?
You will find more infographics at Statista
Ако нашата просечна плата е 29.943 денари според последниот извештај на страницата на ДЗС, а основниот бензин Еуро 95 моментално е 81,5 денари, според сајтот на Регулаторната комисија за енергетика за литро (уште се чека на новата одлука на РКЕ), тогаш Македонецот треба да даде нешто повеќе од шестина од платата, или 16,33 отсто за горивото. Ако полни дизел, кој сега чини 79 денари, процентот пак е околу 16, односно 15,83 отсто.
Податоците се уште попоразителни ако ја земеме минималната плата од 18.000 денари. Со таква плата, Македонецот ќе треба да троши 27,6 отсто од платата за бензин 95 и 26,33 отсто за дизел, што значи четвртина од својот приход.
Инфографикот сугерира на куповната моќ на луѓето низ светот, иако големо прашање е каков автомобил имате, односно колку километри може да помине вашата кола со 60 литри гориво.