КОЛКУ БРЗО ЈАДЕТЕ? Брзината со која јадеме и ризикот од инсулинска резистенција кај младите луѓе
Брзината на јадење може значително да влијае на здравјето на младите луѓе. Со забавување на темпото на оброците, младите луѓе можат да го намалат ризикот од некои метаболички нарушувања.
Во современиот свет, каде што брзото темпо е секојдневје, многу млади луѓе често јадат брзо, честопати во движење, пред екран или за време на кратки паузи.
Иако брзината на јадење ретко се смета за здравствен фактор, сè поголем број истражувања сугерираат дека таа може да има значително влијание врз метаболизмот, вклучително и зголемен ризик од развој на инсулинска резистенција – состојба што претставува рана фаза на нарушена регулација на шеќерот во крвта и може да доведе до дијабетес тип 2.
Зошто е важна брзината на јадење?
Додека јадеме, во телото се активираат низа хормонални сигнали кои го информираат мозокот кога сме сити. Сепак, на овој процес му е потребно време (приближно 20 минути) за оптимално да функционира. Брзото јадење често го „измамува“ телото: јадеме повеќе отколку што ни е потребно пред сигналот за ситост да стигне до мозокот.
До што може да доведе тоа прочитајте на порталот „Мајка и дете“.