КОЛАЧИ СО ЕДНА КАЛОРИЈА Имаме рецепт за супер слатки колачиња во кои можете да уживате без граници

Овие колачиња ги најдовме под името One Calorie Cookies. Иако веројатно немаат баш 1 калорија, го добиле своето име поради нивниот нискокалоричен состав.

1,190

Сигурни сме дека сите сте слушнале за Павлова торта и веројатно е на листата на омилени десерти за многумина. Лесната и крцкава текстура на безе кората (кора од белки и шеќер) совршено се вклопува со разни нежни кремови, шлаг и овошје. Сепак, овој пат фокусот не е на Павлова, туку на меренг колачиња (Меренг/Meringue се однесува на шне, односно, на матени белки со шеќер, печени или сушени).

Исто како и корите од Павлова, овие колачиња се лесни и крцкави, направени од изматени белки од јајца и шеќер. Имаат воздушеста и мека текстура и се печат на ниска температура за да се исушат и да останат бели, наместо да се печат и да добијат златно-кафеава боја.






Рецептот за таканаречените колачиња со само една калорија ќе го најдете на „Арт кујна“.

Поврзани содржини