КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ? Обрнете внимание на бојата на вашата столица и урина
Замастен црн дроб е исклучително загрижувачка здравствена состојба, а симптомите често се неизразени. Сепак, постојат одредени фактори на опасност на коишто треба да им се посвети внимание.
Сепак, постојат одредени фактори на опасност на кои треба да им се посвети внимание.
Лекарите, како фактори на ризик, ги истакнуваат староста и дијабетесот, што може дополнително да ја влошат состојбата.
Како 5 главни фактори за развој на замастен црн дроб се наведуваат: Дебелина, висок шеќер во крвта, високи триглицериди, нездрава или неправилна исхрана, но и апнејата при спиење.
Иако ноќната апнеја може да делува како невообичаен фактор на ризик, истражувањата покажаа дека опструктивната апнеја може да предизвика замастен црн дроб со зголемена отпорност на инсулин, како и дислипидемија и воспаленија.