📽 KOГА ТРАМП, КАМАЛА, МАСК И ЗАКЕРБЕРГ БИ БИЛЕ ГАНГСТЕРИ… Монтажа направена со ВИ ги прави нештата хиперреални

Видеото било направено со новите чат-ботови и ВИ-генератори како ГРОК на Илон Маск и Флукс, тврдат авторите.

502

Откако неодамна на социјалната мрежа Икс се рашири монтажата на која претседателските кандидати во САД, Камала Харис и Доналд Трамп, се држат за раце, па дури имаат и бебе, ново видео овојпат со „гангстерска содржина“ ги окупира корисниците.

Освен Трамп и Камала на снимата се појавуваат и газдата на Икс, Илон Маск, газдата на Фејсбук Марк Закерберг, Џо Бајден, Хилари Клинтон, Ким Џонг Ун, Путин, доктор Фаучи…






Погледнете:

 

Се работи за монтажа направена со вештачка интелигенција, а како што велат авторите од светски познатото студио „The Dot Brothers“, тие користат напредни софтвери и биле меѓу првите кои користеле „Midjourney“ и „StableDiffusion“. За себе тие тврдат дека имаат повеќе од десет милиони посети на своите монтажи, кои пак бројат преку 150 ВИ-видеа.

Но, овојпат видеото било направено со новите чат-ботови и ВИ-генератори како ГРОК на Илон Маск и Флукс, тврдат авторите. Снимката, инаку, е продолжение на претходна снимка со наслов „грабеж“. Еве го првиот дел:

 

 

 

Поврзани содржини