КОГА ТАТО ВЕЛИ ДА, А МАМА – НЕ! Што кога родителите имаат различни пристапи во начинот на воспитување?
Кога родителите ќе научат да ги вреднуваат своите разлики и да функционираат во склад со нив, тоа ќе донесе радост и релаксирани односи во семејството. Ова почитување е од исклучително значење и е особено корисно за мешани бракови, комуникација на родителите после развод, како и во семејства каде повеќе генерации се вклучени секојдневно во процесот на воспитувањето и во грижата за децата.
Родителите честопати знаат да си коментираат меѓусебе кога станува збор за заедничкото воспитување на децата во стилот „“премногу си строг“ или „премногу попушташ, го разгалуваш детето“ или „ќе му направиш трауми на детето“ и слично.
Можеби во другите аспекти од партнерската релација има согласување и функционираат на продуктивен начин, но во стиловите на воспитување постојат разлики кои често водат кон фрустрации, борба за усогласување, непочитување и недоразбирања.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.