КОГА ТАГАТА Е ПРЕГОЛЕМА Како да ја преболите загубата на сакана личност?

Да се ​​изгуби сакана личност е тежок удар за секого. Но, никој не може да ни ги одземе сеќавањата за нив.

353

Тагата е природен одговор на загубата, емоционално страдање што се случува кога ќе изгубиме некој што го сакаме. Колку е губитокот позначаен, толку е поголема тагата.

Постојат пет фази на тага






Негирање, лутина, потиштеност, прифаќање, прилагодување на ситуацијата и реинтеграција.

Секако, не минуваат сите луѓе низ сите фази и понекогаш не поминуваат по овој редослед бидејќи тагата е непредвидлива и индивидуална. Она што треба да го запомните е дека е нормално да ги почувствувате сите овие емоции и дека нема одредено време кога тие ќе исчезнат.

Најтешките периоди ќе станат помалку интензивни и пократки со текот на времето, но сосема е вообичаено да чувствуваме силна тага со години по загубата, особено во моментите што сакаме да ги споделиме со саканата личност.

„Симптоми“ на тага: вина и лутина

Експертите предупредуваат дека олеснувањето по смртта на некој кој долго време се борел со сериозна болест е нормална емоција, но многу луѓе се чувствуваат виновни ако ги совладаат таквите емоции.

Во случај на неочекувана и ненадејна смрт пак, нè обзема голема лутина, често мислиме дека сме можеле некако да ја спречиме, иако тоа реално не било можно.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини