КОГА СТЕ ПАДНАЛЕ И СТЕ РЕКЛЕ, ЛЕЛЕ ТАТО?! Тарик, Петар, Сашко и Жарко за татковството, со многу емоции, но и шеги на своја сметка
Едниот славел 5 дена, другиот 6 месеци, третиот 3 пати, за секое дете по еднаш, а најмладиот се гордее со тоа што бил првиот после акушерката кој го зел во раце своето бебе. Панелот посветен на татковците, во рамките на регионалната конференција под покровителство на Бекутан, беше и најинтересниот дел од оваа конференција со мирисот на Бекутан
На регионалната конференција за родителство под покровителство на Бекутан која се одржа денес (12 ноември), во хотел „Хилтон“, а на која се зборуваше за модерните текови и предизвици на современото родителство, на последниот панел, посветен на татковците, својата емотивна, но и духовита страна ја покажаа познатите татковци, актерите Тарик Филиповиќ, Петар Бенчек и Сашко Коцев и водителот Жарко Димитриоски.
Иако сите до еден, па дури и најтазе таткото Жаре, чија ќеркичка има само 5 месеци, се согласија дека нема ништо поубаво од тоа да се стане родител и дека токму татковството направило конечно да сфатат и да си признаат дека тие не се најважни на свет, сепак признаа дека мајките се сѐ уште неприкосновени во однос на децата.
Како што се пошегува Сашко Коцев, иако зад сцена се договориле да ја истакнат важноста на татковците, сите до еден потклекнаа и „им симнаа капа“ на мајките.
„Кога сте паднале и сте рекле, леле тато?!“ – рече најстариот татко меѓу нив, хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ, признавајќи дека колку и да бил самиот инволвиран во негата и воспитувањето на двајцата синови, сепак останал чирак, а нивната мајка Лејла Филиповиќ, која исто така беше дел од оваа конференција, била и останала мајсторот.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.