КОГА САКАТЕ ДА МИ ИЗРАЗИТЕ СОЧУВСТВО ЗНАЈТЕ ДЕКА АН НЕ ПОЧИВА, ТАА ЖИВЕЕ МЕЃУ АНГЕЛИТЕ Јулија Мациевска ја сподели со пријателите својата длабока верба
На родителите кои ќе го изгубат детето во овој материјален свет, вечноста во другата димензија им станува СЀ. Затоа, да се потрудиме да најдеме друга терминологија за утеха и да не ја солиме раната која треба да зарасне со Божја помош, порачува Јулија Мациевска на својот ФБ профил.
„Кога ќе посакате да ми ја изразите вашата сочувствителност, напишете нешто убаво за мојот Ангел. Јас не ги пишувам постовите заради тоа: „Нека почива во мир“, иако и на тој израз сум многу благодарна, така останало од памтивек, но не значи дека и мора така до памтивек“, им порачува Јулија Мациевска на своите пријатели на Фејсбук.
Овој пост таа го објавила непосредно пред 40-дневниот помен за својата ќерка Андријана на 20. јуни.
„Се навршуваат 40 дена откако мојот Ангел Андријана, мојата АН, одлета кон Царството Небеско, кон Изворот, кон Отецот, кон Светлината, кон вечната безусловна љубов, кон животот во друга димензија…таму од каде што доаѓаме сите и еден ден повторно ќе се вратиме сите.
Затоа, од сесрце, сакам да споделам нешто многу важно за мене со вас драги луѓе. Јас долги години работам на своето духовно знаење и растење во Бога и тоа го споделувам со вас јавно на мојот профил. Јас сум жена која со целото битие верува во Бог и духовните вредности.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.