КОГА РАБОТИТЕ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ГИ ДЕЛИТЕ СО НИВ И РАДОСТА И ТАГАТА Да им го направиме достоинствен последниот период од животот!
Со Ивана Шутиновска која веќе цела деценија работи како социјален работник во дом за стари лица, зборувавме за тоа зошто на само 26 години одлучила да ја започне својата професионална кариера грижејќи се за стари луѓе, но и за онаа мисла што ја води низ работата: „Кога ке видиш старо и изнемоштено лице сети се дека тој човек претходно имал живот, семејство, кариера, патување и дека треба последните денови од неговиот живот да му ги направиш достоинствени и колку што е можно полесни“.
За време на посетата на мајката на мојата најдобра другарка која живее во дом за стари лица во Карпош 4, се запознав со нашата соговорничка Ивана Шутиновска. Не можете да не ја забележите кога ќе ѝ ја видите широката насмевка со која им го разубавува секојдневјето на овие луѓе кои веќе и немаат многу на што да се радуваат.
Таа е социјален работник и веќе цела деценија е дел од тимот на домот за стари лица „Вера“. Ни раскажа како и зошто се одлучила да го минува својот професионален век помагајќи им на старите подостоинствено и полесно да го поминат последниот период од својот живот, но ни кажа и која е мислата која ја води уште од самиот почеток на нејзината професионална кариера.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.