КОГА ПИВОТО ГИ ПОВРЗУВА ЛУЃЕТО Двајца хемичари од Скопје со загрепска адреса прават ‘ршум на хрватската пивска крафт сцена

Двајца скопјани кои живеат во Загреб создале пивски бренд кој одлично котира на богатата хрватска пивска крафт сцена, ама не го заборавиле ниту родниот град, па тука соработуваат со уште еден пивски мајстор, скопјанецот Димитар Блажевски. Тој и неговите пријатели и соработници со загрепска адреса, Димитар Јовановски и Круме Ивановски, ќе ги претстават своите пива на годинешниот Пиволенд.

517

Нашиот дамнешен пријател, Димитар Блажевски, производител на крафт пиво кој завршил средно хемиско училиште во Скопје, студирал економија во Белград, а како човек созреал на скопскиот асфалт, неодамна не поврза и со своите нови пријатели, а од неодамна и соработници, хемичарите кои животот ги однел во Загреб, а пивото ги споило во партнерство.

Димитар Јовановски и Круме Ивановски се сопственици на брендот Хоч Поч (Hotch Potch), кој на хрватскиот пазар бил претставен со првото пиво Little Gnomes’ Hats во стилот Juicy Pale Ale, во јануари 2019, а веќе следната година го привлекоа вниманието на јавноста со првото хрватско (шибенско) – македонско пиво „Херц“, заедно со Pivovara 022, а во чест на лидерот на медицинскиот тим кој ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија, д-р Сашко Јовев, по мајка шибенчанин.






„Пивото Херц го посветивме на македонскит кардиохирург по мајка Шибенчанин, доктор Сашко Јовев. Тој е важен затоа што пред неколку години ја изведе првата трансплантација на срце во Македонија. Потикнати од овој успех и во договор со самиот доктор Јовев решивме да му го посветиме ова пиво. Херц наскоро ќе се продава и на македонскиот пазар, а неговата хумана цел е да се поттикне донорството на органи во двете земји“, велат нашите соговорници од Хоч Поч, Круме Ивановски и Димитар Јовановски.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини