КОГА ПИЛЕНЦАТА ЌЕ ОДЛЕТААТ ОД ДОМА Како да го надминете синдромот на „празно гнездо“?

Во последно време чувството на осаменост на родителите дополнително се засилува и со фактот што децата сѐ почесто, освен што го напуштаат домот, во потрага по подобар живот го напуштаат и местото, државата, па дури и континентот. Во такви ситуации родителите мора да се помират и со фактот дека ќе бидат уште поисклучени од секојдневниот живот на нивните деца.

203

Најголемата иронија на родителството е тоа што ако завршите навистина добра работа во воспитувањето на децата, тие ќе ве остават и ќе се осамостојат. Во тој момент, наместо да се чувствуваат горди што израснале успешни луѓе, што сте ги научиле на основни животни вештини, сте им овозможиле да бидат доволно самостојни и самоуверени, нема родител кој не се чувствува тажен поради разделбата.

Што е синдром на „празно гнездо“?






Синдромот на празно гнездо подразбира чувство на осаменост и тага кога детето ќе го напушти родителскиот дом. Најинтензивно се доживува кога и последното дете ќе си замине од дома и ќе се осамостои затоа што после тоа,  родителската улога најмногу се менува.

Не се смета за клиничка состојба и сериозно нарушување, но овој синдром може да биде мала врата за посериозни состојби како депресија, алкохолизам и слично.

Тагата заради заминувањето на детето од семејниот дом е вообичаена и нормална. Една фаза од животот завршува и сосема е нормално да чувствувате тага, вознемиреност, па дури и страв од следната фаза. Од моментот кога ќе стане родител, човекот секојдневно се грижи за своето дете. Освен што се грижи дека ќе му се случи нешто лошо, тука се и секојдневните преокупации како дали има што да јаде, дали има чиста облека, дали некој го малтретира, дали е болен и слично. Откако детето ќе се оддалечи, добар дел од овие работи престануваат да бидат во родителска јурисдикција и на тоа човек треба да се навикне.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини