КОГА НАМЕСТО ВО КРЕВЕТ, ЌЕ СИ ГО НАЈДЕТЕ ДЕТЕТО НА ПОЛИЦА Девојче ѝ го отстапило местото за спиење на куклата
Една мајка вели дека за малку ќе доживеела срцев удар кога на местото на својата ќерка во креветот, ја нашла нејзината кукла. Девојчето спиело на полицата за книги
Мајка која се претставува како Ксена Кинтана на ТикТок не можела да престане да се смее кога сфатила каде спие нејзината ќерка. Мислела дека девојчето е во нејзиниот кревет, но кога подобро погледнала сфатила дека на перницата има кукла. Отпрвин се исплашила, а потоа го видела своето девојче свиткано на полицата.
„Ќерка ми ми предизвика срцев удар бидејќи спие на полица“, напишала мајката во описот на видеото кое собра 3,4 милиони лајкови.
Во видеото прегледано 13,4 милиони пати, мајката се приближува до креветот на спрат. Во ѕидот има две полици со книги и играчки. Девојчето ги извадило предметите и душекот го заменила со дрвена полица.
„Се обидував да не се смеам бидејќи мојот двегодишен син спиеше. На крајот го разбудив”, додала таа.
Видеото можете да го видите на порталот „Мајка и дете“.