КОГА МОМЧИЊАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА ПРЕСТАНУВААТ ДА БИДАТ ПРИЈАТЕЛИ Природна работа или начин на воспитување?

Момчињата и девојчињата можат многу да научат едни од други и овие мешани пријателства треба да се охрабруваат. Сепак, на одредена возраст тие повеќе не си играат толку меѓусебе како претходно. Зошто?

300

По одредена возраст, момчињата и девојчињата не си играат толку многу меѓу себе. Ова се оние денови кога „момчињата се против девојчињата“ и кога мислат дека спротивниот пол е „грозен“. Оваа природна фаза на развој се јавува во раното основно училиште и почнува да бледнее како што доаѓа пубертетот, но поделбата на половите се јавува и во зрелоста. Не е дека момчињата и девојчињата не можат да бидат пријатели. Всушност, тие само почнуваат да ги развиваат своите интереси и некако се одвојуваат.

Сигурни сме дека тоа сте го забележале кај вашите деца и дека момчињата најмногу ќе си играат со момчиња, а девојчињата со девојчиња, по онаа возраст кога се оди во градинка. Постојат неколку причини за ова раздвојување, но дали е тоа природна работа или станува збор за начинот на кој ги воспитуваме децата?






Момчињата и девојчињата имаат различни интереси во одреден момент и почнуваат да си играат на различни начини. Во основно училиште, момчињата сакаат да играат грубо. Тие беснеат и се борат се повеќе и повеќе и природно се повеќе склони кон поагресивна игра. Девојчињата пак, многу повеќе фантазираат и помалку се препираат меѓусебе. Девојчињата обично не се толку фасцинирани од агресивните игри како момчињата. Овие два стила едноставно не се спојуваат во одреден момент.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини
na