КОГА МАМА ВЕЛИ ЕДНО, А ТАТО ДРУГО Неусогласени начини на дисциплинирање помеѓу родителите
Усогласување на воспитните механими и компатибилност во родителските стилови меѓу родителите или старателите е првото нешто со кое родителите се соочуваат уште при самото раѓање или добивање на детето, во тој период родителскиот стил е ставен на тест.
Живееме во многу динамично време во кое родителството е отежнато и честопати води до согорување на личносниот систем на родителот, но не е важно дали родителот секогаш „точно“ и „совршено“ ќе постапува кон своето дете, напротив водичот во родителството е секогаш да извлечеме смисла од нашите постапки бидејќи секој може да биде добар родител и го заслужува тоа.
Во родителството постојат пет златни правила од кои зависи колку и на каков начин детето ќе го постигне својот личен интегритет и ќе израсне во самостојна и целовита личност. Во тој контекст зборувам за воспоставување рамнотежа во:
Усогласување на воспитните механизми и компатибилност во родителските стилови меѓу родителите;
Што и колку бараме од своето дете и колку тоа соодветствува и одговара со неговите развојни постигнувања;
Колку го пофалуваме и наградуваме пожелното однесување, неговите особини и размислувања;
Колку често го критикуваме односно казнуваме непожелното однесување;
Колку и на каков начин воспоставуваме правила и граници во домот и надвор од него;
Повеќе за оваа тема прочитајте на порталот „Мајка и дете“.