КОГА КОКОШКИТЕ СЛУШААТ МОЦАРТ, А КОЗИТЕ – РЕГЕ Конференција: Од органска и бавна храна до зелена планета
За локалните производители на здрава и традиционална храна, за предизвиците со кои се соочуваат, но и за нејзините здравствени и економски придобивки, како и за искуствата во ЕУ, а особено во Словенија, се зборуваше на денешната конференција во организација на Слоу фуд Водно и ДМВЦ. Меѓудругото, ова беше можност младите фармери да си разменат информации за тоа каква музика им пуштаат на своите животни
Здруженијата Слоу Фуд Водно и Добредојде Маседониа Велкам Центар, денес, во присуство на
г. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и г. Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во Македонија ја одржаа конференцијата „Од органска и бавна храна до зелена планета“.
Организаторките на настанот Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка на ДМВЦ и Василка Стефановска, член на Националниот одбор на Слоу фуд Македонија и претседателка на Слоу фуд Водно, го дадоа воведот и ја објаснија целта на проектот – да ја подигне свеста за потребата од иновативни форми на производство на храна кои ќе бидат ослободени од употреба на пестициди и други хемикалии кои се потенцијални загадувачи на животната средина и во воздухот и во почвата. Конференцијата беше одлична можност да се објаснат целите на Слоу фуд како растечко движење, кое го менува начинот на кој се храниме, а со тоа влијае на големите промени во начинот на кој се одгледува и произведува храната и за важноста од придржување до добрите земјоделски и производствени практики како основа за обезбедување безбедна и здрава животна средина.
Повеќе за ована порталот „Арт кујна“.