КОГА ЌЕ СЕ СПОЈАТ ГЛУВАРЧЕ И МАЏУН… Најдобри како превенција, ама и лек за различни здравствени проблеми

Иако кога станува збор за антиканцерогените ефекти на глуварчето, до денес не е потврдено дека неговиот корен, било како екстракт или како чај, навистина ги убива канцерогените клетки кај живите луѓе како што го прави тоа во лабораториски услови, сепак, ова растение е одлична превентива и лек за многу здравствени состојби. А кога ќе се спои со еден производ како маџунот, дефинитивно, нема да згрешиме, освен во случај на алергија или кај хормонски зависни карциноми

330

Глуварчето или кај народот уште познато и како млечка (Taraxacum officinale) расте во

многу делови од светот. Кај нас, тоа е едно од најраспространетите и најлесно достапните






растенија. Како деца, најинтересно ни беше во онаа фаза кога изгледаше како нежно бело

топче кое кога ќе го дувневме брзо се разлетуваше на сите страни, а во рака ни остануваше

само стебленцето. Некои велеа дека од тоа можело да се оглуви ама бидејќи сме дувнале и

премногу такви, а сѐ уште не сме глуви, слободно можеме да го демантираме тоа.

А дека глуварчето може да биде од голема корист за здравјето и составен дел од нашето

мени, знаеле и нашите претци кои често го користеле како лек за различни здравствени

проблеми.

Може да се јаде целото растение, а сите негови делови (коренот, стеблото, листовите и

цветовите) имаат свое значење за здравјето. Листовите се најдобри за употреба пред да

процвета, коренот во пролет, а стеблото во периодот на цветање.

 

Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.

Поврзани содржини