КОГА Е ПРАВО ВРЕМЕ ДА ГИ ЗАПОЗНАЕТЕ ДЕЦАТА СО НОВИОТ ПАРТНЕР? Направете го тоа само ако планирате заедничка иднина
Уверете ги дека тоа што имате нова личност во животот не може да ги промени вашите чувства кон нив. Дека нема да го замени местото на другиот родител и дека не ги менува односите помеѓу вас и вашиот поранешен партнер односно, вашиот изграден родителски сојуз.
Запознавањето на нов партнер, влегување во нова врска и будењето на емоции кон новиот партнер особено после развод, често е еден од најлекувачките и највозбудливите периоди .
Од друга страна пак, земајќи го предвид стресниот период и измешаните чувства на децата поради разводот на нивните родители, често се поставува прашањето кога е соодветно време да се запознаат децата со новиот партнер. Не постои точно дефинирано правило кое би било универзално, сепак сѐ зависи од дадената ситуација. Но некои насоки би можеле да помогнат да се олесни целиот процес.
Особено е важно пред да решите да ги запознаете своите деца со новиот партнер, да бидете прилично сигурни дека тоа е вашиот вистински избор. Би било добро најпрво да поразговарате со вашиот нов партнер за вашата релација и подготвеноста вашата врска да премине во следна фаза. Доколку постои некаков сомнеж или се разидувате во идејата за заедничка иднина со партнерот, најдобро би било да не ги изложувате вашите деца на дополнителен стрес.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.