КОГА ЌЕ ПОРАСНЕШ НА РОК, ЏЕЗ И НА ЃОРЃИ СУГАРЕ Покрај сите чалгии, најдрагоцена ѝ е песната со која со син ѝ растураат на рок-концерти

Добрила Грашеска е пејачка која, кога ги пее чалгиите, наместо оро, кај да е ќе се случи „шутка“, ама затоа кога ќе распали „германски рок“, гордо застаната покрај син ѝ Лука и другите членови на бендот Корпорација Вагина, дефинитивно се случува „шутка“. И додека таа се гордее со син ѝ во секој момент, тој се гордее со неа секогаш кога таа пее, сеедно дали со него, со Чалгија саунд систем или со Доријан! „Инаку, ме нервира“, се смее Лука

1,064

Добрила Грашеска која сите ја знаеме како пејачка на „Чалгија саунд систем“ и дел од дуото Добрила и Дориан (Јовановиќ) е и мајка на Лука Јованоски, гитарист и пејач во дури два успешни македонски бенда, Луфтанза и Корпорација Вагина.

Добрила тврди дека на настапите со вториов, кога доаѓа време за песната Германски рок, на којa пее и таа, Лука редовно ја најавува само со име и презиме, па обично вели: „Ајде нека дојде Добрила Грашеска“.






Се најдовме тројцата во Макка бар во Скопје, едно саботно претпладне за да ми раскажат како е да пораснеш со мајка како Добрила, но и како е да одгледаш син како Лука.
И приказната оди вака.

Само тој си знае како е да пораснеш со мајка која со толку емоции знае да ти ги отпее песните кои опеваат некои тажни приказни, што наместо да заспиеш, прво плачеш, па потоа заспиваш. Или пак, кога си многу лут, нервозен и имаш напад на бес, кој денес го нарекуваат тантрум, а мајка ти наеднаш ќе му ја викне: „Заплакало е Мариово, заплакало за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре…“
Тоа е, се исправаш полека и низ солзи ја продолжуваш: …„Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш, леле да дојдиш…“

И така се смируваш.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини