КОГА ЌЕ ГО ПОЧНЕТЕ ДЕНОТ УМОРНИ ОД НОЌТА Дали е Мексико ветената земја за малата Бела?

Уште кога се роди Бела, сите ја класифицираа како тежок случај. Немаше добри прогнози за неа ниту тука, ниту во странство. Немаше ниту за тоа дека ќе преживее, но сепак преживеа, вели кавадарчанката Ева Димитров Кузев, мајка на девојче со церебрална парализа. Нивната надеж е сега во новиот протокол за церебрална парализа во Индија и Мексико (за ова е снимен и филм – Luka’s world).

126

Малата Бела е девојче со церебрална парализа. Се родила во текот на ковид пандемијата. Нејзината мајка, кавадарчанката Ева Димитров Кузев, имала уредна и убава бременост, но поради вирусот состојбата се искомплицирала, па дошло до предвремено раѓање на Бела, во 32-рата недела од бременоста.
„Заради сплет на околности, меѓу кои и пропуст на нашиот здравствен систем, раѓањето на Бела се случи во последен момент, за жал, проследено со реанимација, сепса и крварење на мозочето од тежок степен. Беше 2 ипол месеци зависна од апарати, дишеше и секојдневно плачеше во цевките на инкубаторот, а откако се врати дома нејзиниот развој веќе доцнеше во сите сфери. Во првите месеци имаше дијагноза „доцнење во развој“, а некаде пред да наполни една година ја доби дијагнозата – церебрална парализа заедно со церебрално оштетување на видот“, ја почна приказната за семејната борба за подобра иднина на нивната ќеркичка, нашата соговорничка Ева Димитров Кузев.

Откако Бела си дошла дома, а согласно добиените насоки од докторите при исписот на детето од болница, нејзините родители редовно почнале да практикуваат вежби со неа. Тоа на почетокот биле главно пасивни вежби што ги работеле тие, но секојдневно доаѓал и терапевт.






„Некаде од 14-месечна возраст започнавме сериозна рехабилитација во Загреб во поликлиниката „Стојчевиќ-Половина“ каде за првпат се запознавме со пристапот родител-терапевт. Таму научивме како самите да работиме со неа во сите сфери – вежбање, но и хранење, комуникација, играње…Исто така, таму Бела ја следи и невропедијатар. Во оваа поликлиника добивме обука за вежбање по војта методот, кој тогаш се уште активно не се практикуваше во Македонија и вежбањето по овој метод многу ни помогна за Бела да ги активира мускулите, но помогна и во превернирање на искривувања на рбетот. Во меѓувреме истражувавме и други методи, едно време работевме по методот БДА, за кој добивме обука во Србија, а два пати бевме на интензивна рехабилитација и во Љубљана по методот Терамото. Бела вежбаше и во рехабилитационен центар и во Софија и Солун. Неодамна имавме и 10-дневен циклус терапии и во клиниката на др.Вел од Полска“, ги набројува мајката на ова четиригодишно девојче сите обиди, кои за Бела се и многу мачни, но дефинитивно, потребни вежби и терапии.

Целиот текст, како и повеќе за новиот протокол за церебрална парализа во Индија и во Мексико, прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини