КОГА ДЕЦАТА СЕ ПЛАШАТ ОД НЕШТО, ВЕРУВАЈТЕ ИМ И ПРОВЕРЕТЕ! Дете се плашело од чудовиште, во ѕидот нашле огромна кошница со пчели
Упорноста на едно мало дете довело до неверојатно откритие во семејна куќа стара сто години. Во ѕидот имало илјадници пчели, кога удриле по него, потекол мед
Детето на Ешли Мејсис Клас почнало да се жали дека во собата има чудовиште. Мајката го поврзала ова со типични детски стравови.
„Го гледавме цртаниот филм „Чудовишта“, а мојата најстара ќерка малку доцнеше со говорот, па го поврзав со тоа. Со сопругот ѝ кажавме дека нема чудовишта, се пошегувавме и ја уверувавме дека нема никој во плакарот“, изјавила Ешли за People.
Детето почнало да има ноќни кошмари, а Ешли и нејзиниот сопруг по неколку недели забележале неколку пчели на нивното поткровје. Тие повикале компанија за контрола на штетници.
„Ни рекоа дека пчелите се медоносни и дека ќе мора да контактираме со пчелар“, се сеќава мајката.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.