КОГА ДЕЦАТА ГОТВАТ… Група ученици од скопско Мршевци уживаат во најубавиот изборен предмет
На изборните часови по кулинарство во ООУ „Браќа Миладиновци“ во село Мршевци, учениците, од почетокот на наставата по готвење за која е одговорна нивната наставничка Јованка Грозданоска, научиле да прават затворена пица, а најновиот рецепт кој го совладале се – палачинките.
Јованка Грозданоска е одделенска наставничка на децата од прво до петто одделение во ООУ Браќа Миладиновци во село Мршевци кое е подрачно училиште на истоименото што се наоѓа во село Миладиновци, општина Илинден.
„Во нашето училиште учат само деца од прво до петто, а потоа го продолжуваат школувањето во село Миладиновци. Со новата програма од лани имаме по два изборни предмети. Еден е во првото полугодие и тој се викаше „Моделарство, направи сам“, а сега. во второто полугодие имаме часови по готвење. Се разбира дека сѐ што ќе направиме заедно со децата, потоа тие со задоволство го дегустираат“, вели наставничката.
Од почетокот на наставата по готвење за која е одговорна нивната наставничка Јованка, тие веќе научиле да прават затворена пица, а најновиот рецепт кој го совладале и со задоволство се нагостиле, се палачинки.
Повеќе за ова, како и фотографии од правењето палачинки, ќе најдете на „Мајка и дете“.