КОГА БОРИС ИМА ПРОБЛЕМ, МУ СЕ ЈАВУВА НА ЗЕЛЕНСКИ Еве како Британија им го одвлекува вниманието на своите граѓани
Дали со Зеленски разговараат за мир во нашево време или што јаделе со чајот? Сè што знаеме е дека во речиси секоја прилика, Џонсон од воздух привлекува уште една транша од парите на британските даночни обврзници како помош за Украина, пишува Гардијан.
Секогаш кога британскиот премиер има проблем, тој му се јавува на Володимир Зеленски и го насочува вниманието на Британците во Украина. Звучи познато? Борис Џонсон не се консултира со советниците, колегите, па дури ни со сопругата туку, интригантно, се врти кон некој што всушност е во поголеми проблеми од него како украинскиот претседател. Вака Сајмон Џенкинс го анализира однесувањето на Џонсон во колумна во Гардијан и нуди нов поглед на нестабилната Велика Британија.
Колумната почнува со инцидент од минатата среда. Тогаш Џонсон беше напуштен од својот советник за етика, лордот Гејт, а истовремено требаше да се сретне со пратеници од парламентот за да ги подготви за претстојните избори. Наместо тоа, Џонсон го откажа билетот за Јоркшир за да го замени за патување длабоко во Украина. На премиерот му требаа утешен муабет и прегратка од Зеленски, се вели во написот.
Телефонот ѕвони
Џонсон го преживеа гласањето за недоверба меѓу неговите ториевци, затоа што се забавуваше во време на корона, но тој уште е на тапет во партијата и во парламентот. Написот тврди дека само три часа откако на 6 јуни беше најавено дека ториевците ќе гласаат за недоверба, Џонсон му телефонирал на Зеленски. Дури и месец дена претходно беше така. Тогаш, на 5 мај, на денот на локалните избори кои завршија страшно за Џонсон, тој пак телефонирал.

На 30 април, на пример, имаше катастрофални вести за оставката на пратеникот Нил Периш. Џонсон се јави во Киев. На 23 април, недела дена претходно, се појавија вести дека Британија парично ќе ги казнува оние кои се забавувале на Даунинг стрит во пандемијата под мотото „донесете го вашето шише“. Џонсон се јави во Киев.
На 16 април, кога Обединетите Нации го нарушија планот за Руанда, Џонсон заѕвони во Киев. На 12 април Џонсон беше казнет од митрополитската полиција поради Партигејт и пак се јави во Киев. Дали навистина тогаш беше потребно со Зеленски да се разговара за стратегијата во Донбас? Во секој случај, тоа беше одлична вест за насловна страница.
За што ли разговараат?
Човек се прашува за што тие разговараат. Дали Џонсон му вели на Зеленски дека Путин сигурно е тежок противник во споредба со неговиот Кир Стармер? Дали разговараат за мир во нашево време или што јаделе со чајот? Сè што знаеме е дека во речиси секоја прилика, Џонсон од воздух привлекува уште една транша од парите на британските даночни обврзници како помош за Украина, пишува Гардијан. Тоа мора да биде најскапата психотерапевтска сесија во историјата.
Се разбира, сите овие повици може да се чиста случајност. На сите лидери им треба совет и утеха и често ги наоѓаат на чудни места. Черчил го имаше својот Норманбрук, Тачер нејзиниот Вајтлај, Блер неговиот Менделсон. Додека се подготвуваше за функцијата, Џонсон ги отпушти сите веродостојни советници, потпирајќи се на несигурниот Доминик Камингс.
Џонсон нема своја војна, туку ја киднапираше украинската
Денес се чини дека тој се потпира на неискусна сопруга и на украински комичар кој стана лидер, кои изгледа имаат да отепаат доволно време за неговите грижи.
Џоносн се сврте кон последната опција на секој лидер во неволја, а тоа е да најде добра војна со која ќе го одвлече вниманието. Ова важи за многу лидери во историјата, без разлика дали биле автократи или демократи. На пример, започнувањето на војна ја спасило неговата претходничка Тачер, а борењето со една го направило угледот на неговиот идол Черчил.
Можеби треба да бидеме благодарни што Џонсон не започна ниту една своја. Наместо тоа, тој киднапираше туѓа војна. Дали е тоа навистина најдоброто што Борис може да го направи?, прашува Сајмон Џенкинс од Гардијан.