КОГА АНТИБИОТИЦИТЕ ЌЕ СЕ СВРТАТ ПРОТИВ НАС Идните генерации нема да имаат со што да лекуваат некои болести
Неселективната и неконтролирана употреба на антибиотици може да доведе до тоа некои болести да станат тешки за лекување, а во најлош случај, тоа би значело дека идните генерации нема да имаат со што да лекуваат тежок синузитис, бактериско воспаление на грло или инфекции на уринарниот тракт – предупредуваат лекарите.
Од регионот стасуваат вести дека бројот на пациенти со пневмонија е зголемен, особено кај помладите луѓе, кај кои ниеден антибиотски протокол за лекување, не дава резултати.
Една од најсериозните причини за ова е антимикробната резистенција или резистентноста на антибиотици. И не е само Балканот подложен на неадекватна употреба, која ги намалува ефектите од нивното дејствување: бројките велат дека поради инфекции отпорни на антибиотици, до 2050 година ќе умрат повеќе од 39 милиони луѓе.
Отпорност на антибиотици: Мрачни предвидувања
Лекарите во примарната здравствена заштита потврдуваат дека се забележува поголема отпорност на антибиотици, но дека во исто време, кај еден дел од пациентите јакне и свеста за антимикробната резистенција.
Според искуствата од клиниките, некои пациенти се многу внимателни кога станува збор за употребата на антибиотици, додека од друга страна, има и такви кои земаат антибиотици и двапати месечно.
Експертите објаснуваат дека неконтролираната употреба на антибиотици води кон отпорност. Антибиотиците не можат да лекуваат вирусни инфекции, вирусно воспаление на грлото, течење на носот, кашлица или обична настинка.
Неселективната и неконтролирана употреба на антибиотици може да доведе до тоа некои болести да станат тешки за лекување, велат експертите. Во најлош случај, ова би значело дека идните генерации нема да имаат со што да лекуваат тешки синусни инфекции, бактериски воспаленија на грлото или инфекции на уринарниот тракт.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.