КОГА АЈНШТАЈН ПОСАКА УНИВЕРЗУМОТ ДА ЗАСТАНЕ Најголемата грешка на овој ум можеби и не беше грешка!
Значи Ајнштајн сепак имал добар инстинкт што ја оставил Ламбда-та во равенката. Да, но оваа космолошката константа отворила нови проблеми во физиката.
„Сакав универзумот да застане“ биле зборовите на познатиот Алберт Ајнштајн кога го коментирал она што самиот го нарекол својата најголема грешка, пишува БигТинк. Но, дали таа била грешка?
Тука зборуваме за космолошката константа, буквата Ламбда, една до најголемите непознаници во денешната физика која големиот ум ја „протнал“ во равенките само затоа што сметал дека универзумот мора да остане ист додека сите научни теории велеле дека универзумот ќе се смалува и дека ќе се згрутчи во едно мало топче, односно во црна дупка.
Зошто го додал ова Ајнштајн? Па, за да даде некаков макар и апстрактен начин преку кој разните галаксии наместо да се собираат и да се стуткаат во една единствена црна дупка би го направиле спротивното – би се оддалечувале со одредена сила.
Ова прозилегува од фактот што самиот Ајнштајн имал чудна идеја за универзумот кој го сметал за бесконечен, но со таква (конечна!) форма во која кога ќе тргнеш од едно место, на крајот повторно ќе дојдеш на истото…
– За да дојдеме до ова конзистентно гледиште, моравме да признаеме и да воведеме проширување на равенките на полето на гравитацијата што не е оправдано со нашето вистинско знаење за гравитацијата… Тој термин е неопходен само за да се овозможи квази-статичка дистрибуција на материјата, како што бара фактот за малите брзини на ѕвездите – гласи неговата тогашна изјава.
И оп, во 1998 година физиката се врти од главата наопаку! Астрономите откриваат дека галаксиите всушност се оддалечуваат една од друга па дури и забрзуваат. Тогаш расте интересот за оваа буква Ламбда која ја додал Ајнштајн.
Наместо во мала црна дупка, физичарите сега размислуваат како универзумот ќе заврши како една голема растегната супа, каде ќе се оттуѓи секој атом од својот сосед.
Значи Ајнштајн сепак имал добар инстинкт што ја оставил Ламбда-та во равенката. Да, но оваа космолошката константа отворила нови проблеми во физиката. Како прво, денешните мерења за забрзувањето на универзумот не соодветствуваат со она што Ламбда би требало да изнесува според равенките.
Како второ, било потврдено постоењето на темната материја и енергија кои се двигатели зад оваа оддалечување и оттуѓување.
До ден-денес се прават модели за темната материја за која никој не знае што точно претставува. Темната материја значеше и дека не завршува сѐ со Стандардниот модел на честички и ги отвори можностите за егзотичната физика.
Неодамна беше предложено дека темната материја излегува од црните дупки кои се архитектите на универзумот, а таа исто така се поврзува со тајното вплеткување на малите честитички – атоми, електрони, кваркови, вплеткување односно пренесување информации побрзо од светлината, нешто што своевремено се сметаше дека ја побива теоријата на Ајнштајн сѐ додека не изби тезата дека информациите како информации можат да патуваат побрзо од светлината бидејќи самите тие не се енергија, ниту материја.
Ова му даде идеја на еден друг млад научник дека би можел да направи компјутер чии електрични кола ќе комуницираат токму на овој принцип – без струја, без ништо, во некоја црвја дупка надвор од нашиот дофат. Ваквиот компјутер, ако некога биде направен, би бил побрз дури и од квантните компјутери кои се најавуваат.
Побрз од самата светлина.