КОЈ ВИ ДАВА ПРАВО ДА ГО ОСТАВИТЕ МОЕТО ДЕТЕ БЕЗ ТАТКО ПРИ ЖИВ ТАТКО? Разведен татко ги споредува социјалните работници со Менгеле

Психички упропастено дете благодарение на неговата биолошка мајка со поддршка од вработените во ЦСР Скопје. Со моето двегодишно исклучување од животот на син ми и непостапувајќи навремено по законот, успеаја да ја уништат секоја поврзаност помеѓу мене и детето. Погледнете ги видеата, споредете ги, па сами донесете заклучок за што земаат плата во МТСП“, вели кавадарчанецот Бранко Брковиќ, разведен татко на петгодишно дете

1,137

Кавадарчанецот Бранко Брковиќ е разведен од сопругата, но и натаму се бори за своето природно право, да продолжи да му биде татко на нивното петиполгодишно синче кое последните две години е целосно оттуѓено од него.

Брковиќ неодамна на својот Фејсбук профил објави и две видеа на кои се гледа навистина фрапантната разлика во однесувањето на детето кон неговиот татко.






„Психички упропастено дете благодарение на неговата биолошка мајка со поддршката од вработените во ЦСР Скопје. Со моето двегодишно исклучување од животот на син ми и непостапувајќи навремено по законот, придонесоа за оттуѓувањето на син ми од мене. Успеаја да ја уништат секоја поврзаност помеѓу мене и детето. Погледнете ги видеата, споредете ги, па сами донесете заклучок за што земаат плата во МТСП. И процесот трае, трае и трае“, вели во описот на овие видеа овој татко кој сепак не се откажува и продолжува да се бори и да се обидува да ги врати наклонетоста и љубовта на своето дете.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини