КОЈ СИ Е МЕРАКЛИЈА И ВО АМЕРИКА ПРАВИ ЗИМНИЦА Од ајвар до печи-гмечи и кисела туршија

Аница Клокановски или како што се нарекува самата, баба Анче, која повеќе од пола век живее во Детроит, Америка, преку својот јутјуб канал ги запознава Американците со голем број традиционални македонски јадења, а секоја година во ова време приготвува и зимница, од ајвар, печи-гмечи до кисела туршија

458

Иако има 68 години, а изгледа како да има најмногу 58, Македонката Аница Клокановски која пола век живее во Америка, својата Фејсбук страница и јутјуб канал на кој приготвува македонски рецепти, ја нарекла токму Baba Ance’s Kitchen. И додека многу жени избегнуваат да се нарекуваат себеси баби, госпоѓа Аница нема таков проблем бидејќи, како што вели, навистина е баба и оваа „титула ја оправдува дури 4 пати, а „титулата“ прабаба, засега само еднаш.

Таа не се откажува од традицијата и готви по рецептите на својата мајка, а не се откажува ниту од правењето зимници, исто како да е во родното село Наколец, во Преспа од каде што заминала на свои 16 години.






Повеќе за ова, како и видеата и рецептите за зимниците побарајте ги на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини