КОЈ ПОЛ Е ПОСКЛОН КОН НЕВЕРСТВА? Еве што открива анкетата на британска агенција за запознавање

Анкета спроведена на 3.000 луѓе открила дека неверството е почеста појава отколку што можеби мислиме. Анкетата се обидела да одговори и на прашањето кој е посклон кон изневерување и зошто луѓето прибегнуваат кон тоа, а резултатите изненадиле многумина.

349

Според податоците објавени во 2018 година од британската агенција за запознавање Coffee & Company, жените се посклони кон изневерување од мажите. Додека девет проценти од мажите рекле дека дефинитивно би изневериле доколку бидат привлечени од некој друг, дури 25 проценти од жените рекле дека би имале афера во таква ситуација. Жените на возраст меѓу 35 и 40 години се најсклони кон изневерување.

Причините зошто жените изневеруваат можат да варираат. Некои го прават тоа затоа што се чувствуваат физички или емоционално запоставени, додека други сакаат да додадат возбуда во врската што станала предвидлива и здодевна.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини