КОЈ НЕ ПИЕ ВИНО, ДА ПРОПИЕ Виното и шампањското штитат од ковид-19
Според лекари од болница во Шенжен, Кина, консумирањето шампањ, црвено и бело вино може да ја намали опасноста од зараза со коронавирус. Написот е објавен во списанието „Фронтиерс ин нутришн“ (Frontiers in Nutrition).
Во ново истражување биле проучувани податоци од 473.957 луѓе, од кои 16.559 биле позитивни на ковид-19. Учесниците биле поделени во три групи – оние кои не пијат, луѓе што порано пиеле и такви кои сега пијат алкохол.
Заклучот говори дека оние кои претпочитаат црвено вино се најзаштитени од вирусот САРС-КоВ-2 – пиењето повеќе од пет чаши од овој пијалок неделно го намалува ризикот од зараза за 17 отсто.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.