КОЈ НАПРАВИ ДУПКА ВО ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА? Русија ќе тужи американска астронаутка (ФОТО)
Малото дупче можело да ги убие астронаутите извлекувајќи го кислородот во рок од две недели, а било затнато со епоксидна смола и за среќа никој не настрадал.
Рускиот пандан на НАСА, „Роскосмос“ планира да ја тужи американската астронаутка Серена Шенслор дека направила дупка од два милиметри во модулот на леталото „Сојуз“ на мисија на Меѓународната вселенска станица во 2018 година, пишува АрсТехника. Малото дупче можело да ги убие астронаутите извлекувајќи го кислородот во рок од две недели, а било затнато со епоксидна смола и за среќа никој не настрадал.
Според написи на руската новинарска служба ТАСС од 2019 година, Серена имала „акутна психолошка криза“ откако доживеала пример на длабока венска тромбоза во вселената и ја пробила дупката во обид да го забрза нејзиното враќање во Земјата. НАСА ги демантираше обвинувањата.
Russia’s space program just threw a NASA astronaut under the bushttps://t.co/mFBz3eCZB1
Enlarge / Image of the hole in Soyuz MS-09 vehicle docked to the International Space Station in 2018. (credit: NASA TV)
Russia’s state-owned news service, TASS, has published an extraordi… pic.twitter.com/QGu3tD0tFT
— LK Techsky (@lktechsky) August 13, 2021
Љубов меѓу Русин и Американка, причина за дупката?
Сега, со најавата на „Роскомос“ дека истрагата конечно е завршена, руските власти изнесоа уште една теорија на заговор. Во написот на РИА Новости, публикацијата ги цитира извештаите дека Серена Шенслор можеби ја дупнала дупката „поради стресот по неуспешната романтична врска со друг член на екипажот“.
Иако ниту еден астронаут или космонаут на крајот не беше во опасност, инцидентот во август 2018 година беше срамен за руските вселенски службеници. Во модулот беа Сергеј Прокопјев, астронаут на Европската вселенска агенција, Александар Герст и Серена Шенслор како претставник од НАСА. Тие полетале на станицата во леталото „Сојуз“ во јуни 2018 истата година.
НАСА, повторно, силно тврди дека овие напади врз Ауњон-Канцелар се без заслуга. „Овие напади се лажни и немаат никаков кредибилитет“, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон за Арс. Целосно ја поддржувам Серена и стојам зад сите наши астронаути“.
Не било метероид, а може да е дефект од фабрика
Од она што досега е познато е дека дупката не била направена од микрометеороид како што се мислеше. Некои руски медиуми објавија дека дупката е предизвикана од дефект во производството или тестирањето и, според АрсТехника, ова се чини дека ова е најверодостојната теорија. Меѓутоа, во исто време, извори во руската влада започнаа неосновани гласини дека можеби незадоволната астронаутка на НАСА ја избушил дупката.
Russia may baselessly press criminal charges in 2018 ISS pressure leak incident: In 2018, astronauts aboard the International Space Station plugged a 2mm “hole” in a Soyuz MS-09 vehicle that had… https://t.co/M7ZK0Xjw8j #Science #siteengadget #provider_nameEngadget #regionUS pic.twitter.com/3Y7oJRohv6
— Adam Learn and Fun Channel (@ToyerToys) November 30, 2021
Нема докази дека истекувал воздух, астронаутите не биле на тоа место
Спроед АрсТехника, реалноста е дека овие напади се навистина лажни. Доколку биле точни, Програмата за вселенска станица на агенцијата на НАСА, со седиште во Хјустон, можела веднаш да утврди дали притисокот опаѓал во вселенската станица, но такво нешто не е забележано.
Од НАСА исто така ги знаат прецизните локации на американските астронаути на станицата пред да се случи истекувањето – и во моментот кога тоа почнало. Ниту еден од американските астронаути на станицата не бил во близина на рускиот сегмент каде што било закотвено возилото на „Сојуз“. Американските власти ги споделија овие податоци со Русија во тоа време.
Русите си пукаат во вселената, Американците се кријат
Оваа руско обвинение доаѓа во опасен момент за американско-руските односи. Претходно месецов, руската војска собори свој сателит како дел од тестот, а астронаутите на вселенската станица мораа да се засолнат во своето вселенско летало повеќе од два часа загрижени дека остатоците од ескплозијата можат да ја оштетат станицата.
Нивната вселенска прошетка планирана за вторник наутро, исто така, мораше да биде одложена во последен момент поради експлозијата на „Космос 1408“, иако не беше веднаш јасно дека тоа се должи на остатоци од судирот.
Русија признава дека прави антисателитското тестирање, но смета дека тоа не е голема работа.
Американците и Русите беа повеќе или помалку пријателски партнери во вселената во цели три децении. Овој вселенски сојуз, сепак, сега се чини дека се распаѓа, со тензиите засилени од руските провокации кои тешко се објаснуваат.