КОЈ ИМА НАЈДОБРИ, А КОЈ НАЈЛОШИ ПАТИШТА ВО ЕВРОПА Имало и „бетер“ од Македонија

Од земјите членки на ЕУ најквалитетни патишта има Холандија, со оценка од 6,4, додека Белгија лошо стои со просечна оценка од 4,4, што е полошо и од Словенија и Хрватска, на пример. Од земјите членки на ЕУ убедливо најлоши патишта имаат Романија (3,0) и Бугарија (3,4).

684

Најлоша патна инфраструктура во Европа имаат земјите од Источна Европа и од Западен Балкан, покажува истражувањето на Глобал компетитивнест рипорт, објавено од Светскиот економски форум. Во извештајот се рангирани 141 земји во светот, врз основа на мноштво различни параметри. Во формирањето на резултатите се користени и истражувања на јавното мислење, покрај останатото, во кои се опфатени исклучиво стопанственици, извршни директори на фирми и менаџери. Нив им се поставени 78 прашања, со можност да дадат нумеричко рангирање од 1(најлошо) до 7.

Од земјите членки на ЕУ најквалитетни патишта има Холандија, со оценка од 6,4, додека Белгија лошо стои со просечна оценка од 4,4, што е послабо и од Словенија и Хрватска, на пример. Интересно е што Сицилија, оценета посебно во рамките на Италија (4,4) има очајни патишта, со оценка од 3,3, пониска дури и од таа на Македонија.






Не се за пофалба ниту патиштата во Исланд (4,1), Ирска (4,4), а уште помалку во Чешка (3,9), додека Португалија (6,0) според квалитетот на својата патна инфраструктура, изненадувачки, се изедначува со Австрија (6,0), а значително ја надминува Германија (5,3). Очекувано, Швајцарија има извонредни патишта, оценети со високи 6,3.

Исто така изненадувачки е квалитетот на патиштата во Туркије (5.0) и Кипар (5,1), повисок дури и од тие во Грција (4,6), кои се солидни и во европскиот просек. Турските патишта се поквалитетни и од тие во Норвешка (4,5), и во Обединетото Кралство (4,9). На Балканот позитивен пример е Хрватска, која во изминативе години значително го подобрила квалитетот на својата патна инфраструктура, па достигнува оценка 5,6, што е солидно во европскиот просек. Од земјите членки на ЕУ убедливо најлоши патишта имаат Романија (3,0) и Бугарија (3,4).

На светски план, резултатите не се изненадувачки – најквалитетни патишта имаа Сингапур (6,5), Хонг Конг (6,1) и Јапонија (6,1). „Најстрашни“ патишта во светот има во Чад (1,9), Мавританија (2.0) и Мадагаскар (2,0), а рамо до рамо со нив се Јемен, Хаити и ДР Конго, сите со оценка 2,1.

 

Поврзани содржини