КОЈ ИМ ПОМОГНА НА УКРАИНЦИТЕ ДА УБИЈАТ 12 РУСКИ ГЕНЕРАЛИ? Њујорк Тајмс го побара одговорот од американските функционери
Официјални лица интервјуирани за овој напис зборуваа под услов да останат анонимни за да разговараат за деталите за доверливите разузнавачки информации што се споделуваат со Украина, се вели во статијата на Њујорк Тајмс.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден им дала разузнавачки информации на украинските сили за да убијат 12 руски генерали, пишува Њујорк Тајмс. Весникот се повикува на високи американски функционери според кои клучно за успехот било навременото следење и давање информации, што би се рекло во ôд или во „реал тајм“.
Украинците можеле да го следат движењето на мобилниот воен штаб на Русите и да ги комбинираат информациите со оние добиени од своите доушници. Иако се претпоставува се работи за 12 генерали, Украина уште официјално не го открива бројот.
„Официјални лица интервјуирани за овој напис зборуваа под услов да останат анонимни за да разговараат за деталите за доверливите разузнавачки информации што се споделуваат со Украина“, се вели во статијата на Њујорк Тајмс.
Запрашан за разузнавачките информации што им се даваат на Украинците, Џон Ф. Кирби, портпаролот на Пентагон, рече дека „нема да зборуваме за деталите од тие информации“. Но, тој призна дека Соединетите Држави ѝ даваат на „Украина информации и разузнавачки информации што можат да ги користат за да се одбранат“.
Но, не сите обиди за ликвидирање потекнуваат од американските доушници. Некои акции Украинците сами ги иницираат. Како пример за ова се дава гранатирањето на штабот на генералот Валери Герасимов во Донбас кое заврши неуспешно. Според официјалните лица, САД не даваат разузнавачки информации од тој тип за највисоките руски лидери, како Герасимов.
По објавувањето на написот во Њујорк Тајмс, Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност, во изјава рече дека разузнавањето на бојното поле не им било доставено на Украинците „со намера да убијат руски генерали“.