КОЈ Е ЗА ГЛЕДАЊЕ ДОБАР ХОРОР ФИЛМ? Страшните филмови се добри за менталното здравје

Многу луѓе не се љубители на хорор филмови. Но, без разлика дали спаѓате во групата на луѓе кои уживаат во овој жанр или не, можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека гледањето хорор филмови може да има одредени здравствени придобивки за вашето ментално здравје.

125

Поради застрашувачката содржина што ја нудат хорор филмовите, често се поставува прашањето дали филмовите од овој и слични жанрови се навистина штетни за човечкиот организам, но всушност одделни истражувања покажале дека има бројни предности од гледањето хорор филмови.

Ви даваат импулс да се чувствувате добро






Според клиничкиот психолог Алиса Џеруд, гледањето филмови што ја замрзнуваат крвта го преплавуваат вашето тело со адреналин, кој активира реакција на нашето тело на борба или бекство. Тоа може да ви го забрза срцето, а мускулите да ви се напнат, што за некои може да биде доста возбудливо. Според една студија од 2020 година објавена во Psychological Science, оваа реакција се јавува затоа што на крајот, без оглед на стравот, тие сепак се безбедни во своето опкружување.

Можат да ви помогнат да се справите со стравот

Гледањето страшни или стресни филмови може да ви помогне да се справите со слични ситуации во реалниот живот. Според студијата од 2021 година објавена во списанието Personality and Individual Differences, љубителите на хорор филмовите се покажале поотпорни и поподготвени за пандемијата.

Исто така,лекувањето на специфични фобии и посттрауматско стресно нарушување засновано на изложување, понекогаш вклучува намерно гледање на оние сцени кои го предизвикуваат тој страв. На овој начин ќе научите дека можете да толерирате анксиозност и да реагирате поинаку кога ќе се појави опасност.

Можеби ќе ве научат нешто за себе

За некои луѓе, гледањето нешто страшно во филм може да обезбеди моќен увид во нивната личност. Една студија од 2021 година во Journal of Media Psychology истакнува дека ако сте во можност да искусите нешто страшно, ќе научите дека имате моќ да ги надминете вашите стравови.

Всушност, дури и ако треба да ја напуштите просторијата или да го исклучите филмот кога работите стануваат навистина напнати, сте научиле нешто за тоа како можете да се справите со реална ситуација која буди слични емоции, а тоа знаење може да биде добра работа.

Поврзани содржини