КОЈ Е ТУКА ПРИМИТИВЕН? Што може да научиме од племенските заедници?
Многу племенски заедници кои и денес живеат во светот се примери за добро родителство, добро репродуктивно планирање, добра семејна пракса, така што навистина не постои доказ со кој племенските општества би можеле да ги опишеме како заедници кои немаат поим како да живеат. Кој вели дека ние знаеме подобро?
Модерните општества се склони сето она што не е модерно и супер развиено да го нарекуваат примитивно, а наспроти тоа, токму поради тоа што сме развиени и напредни често сме под толкав притисок од се околу нас, што многумина посакуваат барем накусо да се преобразат во едно севременско племенско семејство. Токму од нив можеме да научиме многу работи, не само за воспитувањето на децата, човечките односи и начинот на живот, туку и многу работи за природната контрацепција и планирањето на семејството.
На порталот Evolution Institut пишуваат за бројни прашања кои ги мачат современите развиени општества, а за кои би можело многу да се научи токму од оние кои ги сметаме за примитивни.
Како пример се земени бројни племенски општества кои и денеска преживуваат во прилично тешки животни услови и во кои главен предуслов за квалитетен живот е доброто планирање и добрата животна стратегија, а сепак преживуваат одгледувајќи повеќе деца отколку што имаат семејствата во западните цивилизации.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.