КОЈ Е НАЈСКАПИОТ ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ? Топ-листа со 10 најлуксузни места во светот

Топ-листата беше објавена во понеделникот, па градот Хонг Конг, како и во 2022 и 2023 година, и овојпат го зазеде местото број 1, додека, пак, Сингапур е на второто место.

381

Градот Хонг Конг ја задржа титулата за најскапо место за живот и престој на светско ниво, покажува истражувањето на „Мерсер“ за 2024 година.

Топ-листата беше објавена во понеделникот, па кинескиот град, како и во 2022 и 2023 година, и овојпат го зазеде местото број 1, додека, пак, Сингапур е на второто место.






Најголем дел од првите 10 најскапи градови за живеење се во Швајцарија – Цирих, Женева, Базел и Берн, кои се наоѓаат на третото, четвртото, петтото и шестото место.

Извештајот испита 226 градови врз основа на компаративните трошоци за над 200 предмети на секое место, земајќи ги предвид цените за превоз, храна, облека, предмети за домаќинството и забава.

Така, Њујорк е најскапиот град во САД, и го зазеде местото бр. 7 на листата.

Главниот град на Велика Британија, Лондон, беше рангиран на 17-то место лани, а сега е на бр. 8. Насау, на Бахамите, е на 9-то место, а Лос Анџелес ги заокружува првите 10 градови.

Според наводите, високите цени за станови и зголемените трошоци за превоз, стоки и услуги се меѓу причините поради кои трошоците за живот во овие градови се особено високи.

Поврзани содржини