КОЈ Е НАЈЛОШИОТ ВИД НА ЕМОТИВНА ВРСКА? Многумина ќе се пронајдат во ваквите врски
Штетните врски можат да придонесат за зголемувањето на психичките проблеми на краток и среден рок.
Истражувачите од Универзитетот во Мисури во Илиноис, САД, чија статија е објавена во списанието „Family Relations“, собрале податоци за 545 мажи и жени со различна сексуална ориентација во текот на 15 месеци. Сите оние луѓе кои доброволно се согласиле да учествуваат во истражувањето во тој период биле во романтична врска.
Учесниците редовно ги информирале истражувачите за сите случувања во нивниот однос со нивните партнери. Покрај тоа, тие биле тестирани за симптоми на анксиозност и депресија, а биле следени нивните чувства за врската и нејзините изгледи за иднината. Се покажа дека цикличното раскинување и продолжувањето на романсата се прилично вообичаени, а повеќе од 33% од учесниците во истражувањето зборуваат за такво сценарио.
Во исто време, се покажа дека колку почесто луѓето се помируваат и раздвојуваат, толку потешки ќе бидат последиците по нивната психа, како на краток, така и на долг рок.
Според психолозите, тоа е се поголемо чувство на хаос, нестабилност во односите, што доведува до развој на депресија и анксиозност.