КОЈ Е НАЈБОГАТИОТ МЕЃУ НАЈБОГАТИТЕ РУСИ? Богатството на руските милијардери годинава е зголемено за 38 милијарди долари

Во последната година најмногу се збогатил косопственикот на Лукоил, Вагит Алекперов, чие богатство во 2023 се зголемило за 9,14 милијарди долари, а севкупно најбогат Русин со капитал од 30,7 милијарди долари е Владимир Потанин, еден од главните сопственици на Норилск никел.

651

Од почетокот на годината вкупното богатство на најбогатите руски милијардери е зголемено за 38 милијарди долари, објави руската агенција РИА Новости според пресметки базирани на податоците од индексот на милијардери на Блумберг.

Во последната година најмногу се збогатил косопственикот на Лукоил, Вагит Алекперов чие богатство пораснало за 9,14 милијарди долари. Додека, најбогат руски милијардер севкупно е еден од главните сопственици на Норилск никел, Владимир Потанин. Од почетокот на годината неговото богатство се зголеми за 2,11 милијарди долари, на вкупно 30,7 милијарди долари.






На второ место на листата на најбогатите Руси е косопственикот на НОВАТЕК, Леонид Микелсон. Неговото богатство годинава се зголеми за 2,71 милијарди долари, на 27,3 милијарди.

Вагит Алекперов и натаму е на трето место. Косопственикот на Лукоил во 2023 година е побогат за 9,14 милијарди долари, а неговото вкупно богатство сега изнесува 24,5 милијарди долари.

На четврто место е Владимир Лисин, претседател и мнозински сопственик на Новолипецк, една од четирите најголеми челични компании во Русија. Неговото богатство во 2023 година се зголемило за 3,07 милијарди долари и сега изнесува 22,9 милијарди долари.

Големата петорка на руските милијардери ја заокружува Алишер Усманов (Металоинвест и Мегафон). Тој во изминатава година го зголемил своето богатство за 1,87 милијарди долари, на 20,3 милијарди долари.

Според извештајот на UBS, од април 2022 година до април оваа година, бројот на милијардери во светот се зголемил за 7% на сегашните 2.376 поединци.

Нивното заедничко богатство, кое падна драстично една година претходно, сега е зголемено за 20% и изнесува 9 трилиони долари.

Поврзани содржини