КОЈ ЈАДЕ ЦВЕЌИЊА ПОКРАЈ ЧВАРКИ И СЛАНИНА? Во соседна Србија луѓето се шокирани од цената на јадливите цвеќиња

Кутија со 20 цветчиња во една белградска продавница во соседна Србија, чини повеќе од килограм пилешко месо. По бројните реакции на луѓето, српските медиуми провериле зошто се скапи јадливите цвеќиња

451

Веста за продажба на цвеќиња за јадење по цена на килограм пилешко месо кај еднипобудило револт, кај други рамнодушност, а медиумот се обидел да дознае зошто е толку „скапо“.

Имено, во еден белградски маркет 5 грама од украсни јадливи цвеќиња (околу 20 цветови) се продавале за 600 динари (околу 300 денари) или дури 1.000 евра за килограм.






Фактот што во расадник може да се купи кутија со дури 50 цвеќиња за 500 динари (околу 250 денари), покажува дека не станува збор толку за тоа дека одгледувањето на овие цвеќиња е толку скапо, туку дека повеќе станува збор за голема маржа и желба за „лесен“ профит на најголемите синџири продавници во соседството.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини