КОЈА Е СОПРУГАТА НА КАТАРСКИОТ ШЕИК? Ја нарекуваат кралица на стилот, а го привлече вниманието на сите

Моза бинт Насер, која исто така е ко-основач и претседателка на Катарската фондација, се омажи за шеикот Хамад во 1977 година.

6,648

Овие денови сите погледи се вперени во Катар, каде што се одржува Светското првенство во фудбал. На отворањето присуствуваше и Моза бинт Насер (63), сопруга на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешен емир на Катар и мајка на сегашниот емир Тамим бин Хамад Ал Тани.

Моза се појави во долг бордо сатенски фустан на „Прада“, кој го комплетираше со палто во иста боја и марама. Својот аутфит го зачини со блескав брош и накит и брендирана кожена чанта.






Моза бинт Насер им посака добредојде на сите преку Инстаграм: „Дојде времето. Добредојдовте во Катар и со среќа на сите“, напиша таа во описот на фотографиите на кои е со сопругот и децата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)


Моза бинт Насер, која исто така е ко-основач и претседателка на Катарската фондација, се омажи за шеикот Хамад во 1977 година. Џавахер бинт Хамад, првата жена и сопруга на шеикот Тамим, на отворањето на првенството ги прими сопругите на светските лидери од земјите учеснички.

„Вечерва го славевме светот преку моќта на фудбалот. Не можев да бидам погорда на нашиот лидер, мојот брат – целото мое семејство – мажите и жените кои работеа дење и ноќе за овој момент. Катар беше неправедно нападнат 12 години – поради некоја причина тие критичари веруваа дека арапска и муслиманска нација не е способна да организира ваков турнир. Вечерва високо ја поставивме скалата. Подготвени сме да ги дочекаме сите они кои се тука и оние што допрва ќе пристигнат во наредните недели“, напиша на Инстаграм Ал-Мајаса бинт Хамад, сестра на шеикот Тмим и ќерката на Моза.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)


Која е Моза бинт Насер?

Сопругата на шеикот Хамад често ја нарекуваат „кралица на стилот“, а во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот. Родена во 1959 година, а нејзиниот татко бил истакнат катарски бизнисмен и лидер на опозицијата за време на владеењето на Калифа бин Хамад бин Абдула Ал Тани.

Таа е позната по својата работа во областа на здравството и образованието, а во 1995 година ја основа Фондацијата за образование, наука и развој на заедницата. Добила и бројни меѓународни награди и почести.

 

Поврзани содржини