КОЈА Е ПРВАТА ДАМА НА УКРАИНА? Олена Зеленска e архитектка, модел, храбра сопруга и мајка
Нема да паничам и да плачам, напиша таа на Инстаграм неколку часа по првите напади минатата недела. Ќе бидам мирна и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Јас ќе бидам до нив. И покрај мојот сопруг. И со тебе.
Дипломирала архитектура, за да стане писателка на комедии, позирала за списанието Вог, но најмногу од сѐ таа е покрај својот сопруг и својата татковина Украина. Олена Зеленска(44) е жесток борец за правата на жените и мајка на две деца, 17-годишен син и 9-годишна ќерка, пишува ДејлиМејл.
„Нема да паничам и да плачам“, напиша таа на Инстаграм неколку часа по првите напади минатата недела. „Ќе бидам мирна и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Јас ќе бидам до нив. И покрај мојот сопруг. И со тебе.“
Олена студирала архитектура и на истиот универзиттот го запознала Зеленски, тогаш млад комичар и студент по право, за потоа да стане писателка за комичната серија што него го направи познат.
Кога нејзиниот сопруг првпат ѝ кажал за неговите планови да ја напушти кариерата за да се кандидира за претседател, таа јавно рекла дека е „категорично против“ неговиот „проект“.
А сепак, кога дојде времето за кампањата на Владимир, Олена совесно се појави покрај него за да се фотографира на предизборните говори. Сега, помалку од три години по неизбежната победа на Зеленски, мајката на две деца целосно ја прифати својата улога на прва дама на глобалната сцена.
Олена се појави на насловната страница на Вог Украина неколку месеци откако нејзиниот сопруг стана претседател и ја искористи платформата за да ги претстави нејзините планови за кампања за подобри училишни оброци. Кампањата беше успешна.