КОЈА Е „КЕТАМИНСКАТА КРАЛИЦА“ САНГА? Обвинета е дека го снабдувала актерот Метју Пери кој почина од предозирање

Кетаминот е дисоцијативен анестетик кој, според , американската Администрација за борба против дроги (ДЕА), има некои халуциногени ефекти. Кетаминот може да ја наруши перцепцијата на видот и звукот и да го натера корисникот да се чувствува исклучен и дека нема контрола. Се користи како анестетик за инјектирање за луѓето и животните бидејќи ги прави пациентите да се чувствуваат одвоени од нивната болка и околина.

4,397

Американските обвинители ја нарекува „кетаминската кралица“. Според нивното обвинение Јасвин Санга е една од петте лица кои го снабдувале со дрога познатиот глумец од серијата „Пријатели“, Метју Пери кој почина од предозирање лани на 24 октомври. Таа сега се соочува со девет обвниенија меѓу кои и заговор за дистрибуција на кетамин, пишува Би-Би-Си.

Американско-британската двојна државјанка, која носеше џемпер на кој беше испашно „Нирвана“ при нејзиното појавување на суд, во четвртокот се изјасни за невина по обвиненијата. Нејзиното барање за кауција беше одбиено од американски официјални лица и таа ќе остане во притвор до нејзиното судење во октомври.






Во обвинението се наведува дека кетаминот што таа му го продала резултирал со смррта на Пери.

Кетаминот е дисоцијативен анестетик кој, според , американската Администрација за борба против дроги (ДЕА), има некои халуциногени ефекти. Кетаминот може да ја наруши перцепцијата на видот и звукот и да го натера корисникот да се чувствува исклучен и дека нема контрола. Се користи како анестетик за инјектирање за луѓето и животните бидејќи ги прави пациентите да се чувствуваат одвоени од нивната болка и од околината.

Супстанцијата би требало да ја дава само лекар, велат истражувачите, а пациентите кои го земале лекот треба да бидат надгледувани од стручно лице поради неговите можни штетни ефекти.

Јасвин Санга, наводно, снабдувала кетамин од нејзината „скриена куќа“ уште од 2019 година. Нејзиниот дом во северен Холивуд беше „трговски центар за продажба на дрога“, рече на прес-конференција во четвртокот Мартин Естрада, американскиот адвокат за Централниот округ во Калифорнија. Таму, наводно, биле пронајдени повеќе од 80 ампули со кетамин при претрес на полицијата, заедно со илјадници таблети кои вклучувале метамфетамин, кокаин и кзанакс.

Домот, наречен „Куќата на Санга Сташ“ во обвинението, бил местото каде што таа наводно спакувала и дистрибуирала дрога. Таа „се занимава само со високи и познати личности“, се вели во еден дел од обвинението. Во исто време, таа живеела живот на висока нога кој го споделувала нашироко на социјалните мрежи.

Се вели дека Санга се мешала со познати личности и социјално, а еден од нејзините пријатели за британски „Дејли Мејл“ изјавил дека таа присуствувала  и на Златните глобуси и на Оскарите.

Американските власти велат дека ја откриле наводната поврзаност на Санга и со уште еден случај на смрт од предозирање, овој пат во 2019 година. Судските документи сугерираат дека таа знаела за опасностите од кетаминот откако му го продала на клиент по име Коди МекЛори, кој потоа починал од предозирање.

Поврзани содржини