КОЈА БАБА Е ПОВАЖНА? Шест совети како мудро да го избегнете натпреварувањето со другата баба
И двете баби можат и треба да играат важна улога во животот на едно младо семејство, без разлика дали преку поддршка на родителите или споделување на радоста поради првите чекори. И двете можат да развијат близок однос со своите внуците, но, да не се преправаме дека никогаш не доаѓа до ривалство меѓу бабите.
Не постои официјална хиерархија меѓу бабите и ниедна не е поважна од другата. Сепак, бабите од таткова страна, особено новопечените, честопати се чувствуваат засенети од бабите од мајчина страна, за што честопати ги обвинуваат своите снаи. Сепак, постојат начини да се избегнат конфликти и фрустрации, само е потребна мала промена на перспективата.
И двете баби можат и треба да играат важна улога во животот на едно младо семејство, без разлика дали преку поддршка на родителите или споделување на радоста поради првите чекори. И двете можат да развијат близок однос со своите внуците, но, да не се преправаме дека никогаш не доаѓа до ривалство меѓу бабите.
Важно е да се разбере дека таквата конкуренција често произлегува од фактори што не можете да ги контролирате, како што се оддалеченоста, слободното време што го имаат на располагање или различните карактери. Ако сте баба која се чувствува отфрлена, што често е случај со бабите од таткова страна, прочитајте ги советите од искусни баби на форумот Gransnet. Откако ќе ги примените, наскоро ќе заборавите дека некогаш постоел проблем.
Околностите варираат од семејство до семејство
Ако не живеете во близина на вашите деца и внуци, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри, бидејќи тоа не значи дека не можете да бидете вклучени. Посетете ги секогаш кога можете, бидете тука за нив и, најважно од сè, не фантазирајте, туку прилагодете се на реалната ситуација и оставете работите да си одат по својот тек.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.