КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ДОВЕДУВААТ И ДО НЕНАДЕЈНА ПОЈАВА НА ЕГЗЕМА 10-те најголеми опасности за кожата

Абуабара со тимот анализирале податоци од 18 истражувања кои даваат докази дека егземата се влошува поради опасностите поврзани климатските промени. Зголемената топлина, влажността, променливото време, шумските пожари и загадувањето можат да им го предизвикаат или да им го влошат атопичнииот дерматит на некои личности. Некои ефекти биле директни, пример, ефектите на честичките од шумските пожари врз кожата. Други ефекти, пак, биле индиректни. Намалената исхрана, сиромаштијата и миграцијата, предизвикани од суша, индиректно му влијаеле на здравјето на кожата.

383

Професорката по дерматологија во калифорнискиот универзитет Сан Франциско д-р Катрина Абуабара со тимот од научници од универзитетот Сан Франциско во Калифорнија откриле 10 опасности за луѓето со атопичен дерматит, уште наречен и егзема, предизвикани од климатските промени.

„Дерматит“ или „егзема“ е општ назив за повеќе кожни иритации и осипи предизвикани од генетика, премногу активен имунолошки систем, инфекции, алергии и од иритирачки супстанции. Сувата кожа, црвенилото и чешањето се вообичаени симптоми на оваа болест.






Со години, научниците ги проучуваат ефектите на климатските промени и на воздушното загадување врз здравјето. Научниците сега открија дека глобалното затоплување сериозно влијае на атопичниот дерматит.

– Непредвидливоста на симптомите, како последица на климатските промени, е голем проблем за многу пациенти со атопичен дерматит – вели Абуабара.

Нејзниот тим анализирал податоци од 18 истражувања кои даваат докази дека егземата се влошува поради опасностите поврзани со климатските промени. Зголемената топлина, влажноста, променливото време, шумските пожари и загадувањето можат да предизвикаат или да го влошат атопичнииот дерматит кај некои луѓе.

Некои ефекти се директни, како што се ефектите на честичките од шумските пожари врз кожата, на пример. Други ефекти, пак, се индиректни. Намалената исхрана, сиромаштијата и миграцијата, предизвикани од суша, индиректно влијаат врз здравјето на кожата.

Истражувачите направиле симулација за да откријат кои региони ќе бидат најмногу засегнати во 2053 година, користејќи сознанија од претходните години. Тоа би можело да им помогне да најдат соодветни решенија и да им помогнат на луѓето да ги предвидат можните опасности во иднина за да преземат соодветни мерки. На пример, ако атопичниот дерматит се влошува поради честички од шумските пожари во Канада, луѓето во тој регион почесто ќе бидат дома за време на пожарите.

Заштити и превентивни мерки

Дерматолозите ги препорачуваат следниве мерки за заштита на кожата од можните негативни ефекти на опасностите од климатските промени:

  • Секогаш носете заштитна  крема за сонце, дури и зиме.
  • Еднаш годишно посетете дерматолог за скрининг.
  • Проверете го квалитетот на воздухот пред да излезете.
  • Користете препарати кои ја навлажнуваат кожата за да ја заштитите од загадувачи.
  • Јадете добро, спијте и пијте течности.
  • Мијте ја кожата со нежни сапуни.
Поврзани содржини