КЛИМАТСКАТА КАТАСТРОФА Е ДЕЛО НА БОГАТИТЕ Активистите од „Последна генерација“ тргнуваат во нова борба

„Последната генерација“ сака да ја натера германската сојузна Влада да преземе мерки кои ќе ја забрзаат борбата против климатските промени

60

Климатската катастрофа е првенствено дело на богатите, сметаат активистите од групата „Последна генерација“ најавувајќи нова борба насочена кон оваа. Не се знае за какви акции станува збор, пренесува ДПА.

На 24 мај неколку стотици луѓе учествуваа во демонстрациите на солидарност со неодамна уапсените членови на движењето „Последна генерација“ во Берлин.






По прекинот на акциите на лепење за асфалтот во Берлин, што во изминатите недели беше причина за бројни блокади на патиштата во германската метропола, активистите од групата „Последна генерација“ најавија нова стратегија за претстојниот период.

– Од следната недела наша цел се симболите на модерното богатство. Вака сакаме да укажеме на непромислената екстраваганција на богатите, се наведува во т.н. „Летен план 2023“ на ова движење, што беше доставен до одредени медиуми.

Во меморандумот се наведува дека „германската Влада им дозволува на супербогатите да ги уништуваат темелите на животот од ден на ден“.

Според најавите, центарот на гравитација на нивните акции треба да биде Баварија, каде на почетокот на октомври се одржуваат избори за покраинскиот парламент. Баварија е и германската покраина која досега најстрого се однесуваше кон членовите на движењето „Последна генерација“. На барање на државното обвинителство во Минхен, неодамна низ земјата беше спроведена контроверзна рација против членови на тоа движење.

Движењето најави дека по репресијата на властите врз активистите, бројот на донации нагло се зголемил.

– За најкраток временски период на нашите сметки дојдоа повеќе од 450.000 евра донации –  соопштија од „Последна генерација“.

Членовите на движењето најавија и дека во иднина „подобро ќе се едуцира“ во комуникацијата со новинарите, со цел пред се да се избегнат некои погрешни изјави и сè додека не ја завршат таа обука, на активистите им е забрането да контактираат со новинари.

Со своите постапки „Последната генерација“ сака да ја натера германската сојузна Влада да преземе мерки кои ќе ја забрзаат борбата против климатските промени. Овие мерки вклучуваат воведување ограничување на брзината од 100 километри на час на германските автопатишта, како и воведување билет за јавен превоз кој би чинел девет евра месечно.

 

Поврзани содржини