КЛЕТВА ОД ПРЕДЦИТЕ? Се урна древна пирамида во Мексико за која малку знаеме
Тариакуири Алварез од племето П'урхепеча вели дека неговите предци би го протолкувале рушењето на пирамидата како „лош знак“. Во објава на Фејсбук тој напиша дека нешто слично се случило и пред доаѓањето на странските освојувачи, бидејќи боговите биле незадоволни.
Екстремните временски услови и зголеменото ниво на морето го загрозуваат историското наследство ширум светот. Така, камената пирамида, квадратен споменик висок 15 метри во мексиканската држава Мичоакан, ненадејно се урна ноќта на 29 јули поради непрестаен дожд.
Јужниот ѕид на пирамидата се претвори во урнатина.
Пирамидата некогаш била еден од најдобро зачуваните споменици на цивилизацијата на Кралството Мичоака. Се наоѓа во Ихуацио, исклучително добро сочуван археолошки локалитет каде се наоѓаат уште една пирамида, кула и неколку гробници, пишува Научен Аларм.
Во областа пред 1.100 години живееле домородни групи кои зборувале на јазикот нахуатл. Подоцна пирамидата станала седиште на народот П’урхепеча, единствената империја што Ацтеките не можеле да ја освојат. Народот П’урхепечас постои и денес.
Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја смета дека екстремните временски настани се виновни за неодамнешното уривање на ѕидот на пирамидата. Имено, во јули поголемиот дел од Мексико го зафатија обилни дождови и грмотевици. Пред тоа, регионот беше погоден од најтешката суша во земјата во последните 30 години.
Тариакуири Алварез од племето П’урхепеча вели дека неговите предци би го протолкувале рушењето на пирамидата како „лош знак“. Во објава на Фејсбук тој напиша дека нешто слично се случило и пред доаѓањето на странските освојувачи, бидејќи боговите биле незадоволни.
Само неколку дена пред да се урне пирамидата во Мексико, се урна и познатиот Двоен лак во Ута, најверојатно поради промена на нивото на водата и ерозија.