КИТКА БЛИТВА – 165 ДЕНАРИ, КИТКА КРОМИТЧЕ – 80 Разликата на цените во Хрватска и кај нас е најдрастична кај овошјето и зеленчукот
За разлика од другите работи кои се отприлика двојно поскапи отколку кај нас, а некои ни толку, зеленчукот и овошјето во Хрватска се поскапи најмалку 5, а некои од нив дури и 8 пати повеќе. Ама се друго плаќаме скоро исто или барем приближно толку, иако нивниот стандард е повисок од нашиот.
Ако сакате навистина да се шокирате од цените во Хрватска тогаш, освен ако не одите да седнете баш на најизвиканите места во градовите или по островите, тогаш нема да се шокирате од цените на кафето, затоа што кафе можете да се напиете за 90-100 денари, ама затоа, ако прошетате низ зелените пазари, ќе ви се плаче по нашите.
На пример, ако китка убава, млада свежа блитва чини околу 165 денари, онаа која и не е толку млада ќе ја купите отприлика за двојно помалку, што е повторно 4 пати повеќе отколку кај нас, ама срце ќе ве боли кога за едно китче млад кромид ќе ви побараат 10 куни, односно околу 80 денари, па ќе се сетите на оние 3 за 20 што си ги купувате на нашите пазари.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.